
Нуно Еспирито Санто го продолжи договорот со Нотингем.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој стратег имаше извонредна сезона со клубот, успевајќи да постигне успех што никој не го направил во последните 30 години со Нотингем, а прв пат од 1996 година ќе ги гледаме и на европската сцена.
Договорот е потпишан на три години.
“Среќен сум што го продолживме нашето партнерство. Од самиот почеток вложивме многу напор за да постигнеме добри резултати и да изградиме фантастична атмосфера во тимот. Имаме силна поддршка од навивачите и поврзаност со нив, и верувам дека во иднина ќе имаме уште многу поводи за славје,” изјави Португалецот.
Од друга страна, Евангелос Маринакис, сопственикот на Нотингем, изрази дека е сон да се изгради нешто големо со клубот.
“Нуно докажа колку е способен тренер. Со својата работа и квалитет постигна огромни успеси за клубот, а нашиот однос кој го изградивме е нешто на кое особено сум горд. Имам доверба во него, знам што може и двајцата имаме заеднички сон да постигнеме нешто големо со Нотингем. До сега сме на вистинскиот пат,” подвлече Маринакис.