Дома Фудбал Напаѓачот на Челзи исклучен по само 4 минути на терен. За малку ќе му ја скршеше ногата на противникот

Напаѓачот на Челзи исклучен по само 4 минути на терен. За малку ќе му ја скршеше ногата на противникот

Фудбалерите на Фламенго го совладаа Челзи со 3:1 во второто коло од Светското клупско првенство. Тимот од Англија поведе преку Педро Нето во 13-та минута, но во второто полувреме Бразилците целосно доминираа. Најпрво, Бруно Енрике изедначи во 62-та минута, а потоа Данило ги доведе во водство со 2:1 во 65-та минута. Завршните 3:1 ги постигна Валас Јан во 83-та минута.

На Фламенго му помогна Никола Џексон, кој во 68-та минута доби директен црвен картон. Сенегалскиот напаѓач влезе во игра во 64-та минута, а само неколку моменти подоцна со високo кренато стапало го удри Лукас Ајртон. Главниот судија веднаш го исклучи и го остави Челзи со десет играчи на теренот, што Јан го искористи за да постигне трет гол.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


По натпреварот, Џексон се извини преку Инстаграм: „Сакам да се извинам. На клубот, тренерите, соиграчите и сите навивачи кои гледаа. Ве изневерив. Уште еден црвен картон и искрено, многу сум лут на себе. Работам напорно секој ден за да и помогнам на екипата, а не да ja доведам во ваква ситуација.

Сѐ уште не можам целосно да сфатам како се случи тоа. Но едно е сигурно, не беше намерно. Тоа беше момент во играта кој појде наопаку. Без оправдувања. Преземам целосна одговорност. Ќе размислам за сѐ, ќе научам од тоа и ќе се вратам посилен во името на клубот и сите што веруваат во мене. Жалам. Жалам. Жалам.“

Ова му беше втор црвен картон оваа сезона, откако првиот го доби во Премиер лигата, а вкупно во кариерата досега е исклучен директно четири пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се сеќавате на Даку? Поради навредите кон Македонците на Европското првенство сега остана без трансфер!

Мирлинд Даки (27) имаше извонредна сезона во рускиот клуб Рубин. Албанскиот напаѓач постиг…