Дома Фудбал Инфлуенсерката која помина неколку дена со Јамал се пожали: Ме напаѓаат од сите страни, велат дека сум педофилка!

Инфлуенсерката која помина неколку дена со Јамал се пожали: Ме напаѓаат од сите страни, велат дека сум педофилка!

Фати Вазкез, шпанската инфлуенсерка и креаторка на содржини на OnlyFans, последниве неколку дена се наоѓа во центарот на бурна јавна дебата откако се појавија фотографии од нејзиниот одмор во Италија со 17-годишниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал.

Иако двајцата јасно нагласија дека немаат романтична врска, разликата во возраста и нејзиниот интернет профил предизвикаа лавина од негативни реакции, вклучително и закани со смрт и обвинувања за педофилија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Вазкез повеќепати изрази јавно што значи ваквиот вид на интернет линч за неа, нејзиното семејство и самиот Јамал. Во последното гостување во емисијата La Familia de la Tele, таа изјави:

“Напаѓањата кон мене е неправедно и неверојатно. Имам 29 години – сѐ уште немам наполнето 30. Не сум направила ништо лошо, никого не сум повредила. Ова влијае на моето семејство, и сериозно, не сакам ситуацијата дополнително да се влоши. Се зборува за закани со смрт, за тоа дека ме нарекуваат педофилка, за навреди… Веќе е премногу.”

Таа особено нагласи двојните стандарди во јавната перцепција на односите помеѓу постари мажи и помлади жени наспроти обратните ситуации: “Кога се работи за постар маж, никој не кажува ништо. Но кога е жена со помлад маж, одеднаш тоа станува проблем.”

Само неколку дена поминав со него, точно како што се гледа на фотографиите – и тоа е сѐ. Нема да кажам ништо повеќе, ниту сакам ова да се зголеми или претвори во скандал, бидејќи тоа ми е сосема непотребно”, продолжувајќи да негира дека се во врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…