Дома Останати Ракомет Големо засилување за Вардар: Хрватска легенда стана дел од стручниот штаб на „црвено-црните“!

Големо засилување за Вардар: Хрватска легенда стана дел од стручниот штаб на „црвено-црните“!

Ракометниот клуб Вардар добива сериозно засилување во стручниот штаб за следната сезона. Легендарниот хрватски голман Марио Келентриќ ќе биде новиот тренер на голманите на сениорскиот тим, носејќи богато искуство и енергија.

Келентриќ, кој беше дел од златната генерација на Хрватска што ја освои светската круна во 2003 година во Португалија и среброто на Олимписките игри во Атина 2004, ќе работи со голманите на првиот тим, со цел подигнување на нивото на индивидуалната подготвеност.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Досегашниот тренер на голмани, Стојан Петрушевски, останува дел од стручниот кадар и ќе биде задолжен за развојот на млади таленти низ младинските категории, како и за скаутирање на нови имиња – со цел создавање на квалитетен домашен производ за иднината на Вардар.

Келентриќ во својата богата кариера ги бранеше боите на клубови како Загреб, Целје, Метковиќ, Тусем Есен, Мелсунген, а како тренер работеше во Гумерсбах, каде последниве четири години беше задолжен за сите категории на голмани во клубот. Работел и со репрезентацијата на Босна и Херцеговина, а краток период мина и во ППД Загреб и Слога Добој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ги откажа своите поранешни соиграчи: Томовски имаше чудесно деби во новиот клуб!

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше блескаво деби во дресот на Битигхајм, откако со …