Дома Моторспорт Како во старите добри времиња на Формула 1: Вилијамс најави нова соработка со Хонда

Како во старите добри времиња на Формула 1: Вилијамс најави нова соработка со Хонда

Ф1 тимот на Вилијамс го најави враќањето во минатото, но овој пат тоа нема да го направи на патеката на светското првенство, туку на славниот фестивал на брзината во Гудвуд.

Настанот ќе се одржи од 10 до 13 јули, а посетителите ќе имаат можност да видат неколку легендарни автомобили што го запишаа во историјата.

Меѓу нив ќе биде и Вилијамс FW11, болидот во кој Најџел Менсел во 1986 година речиси стана светски шампион, но во таа одлучувачка трка гумата го изневери, па титулата му припадна на Ален Прост.

Менсел сега, првпат од таа 1986 година, ќе седне повторно зад воланот на FW11, откако инженерите на Вилијамс успешно го реставрираа овој легендарен болид.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Расел издоминира во Баку, Антонели најголем губитник

Британецот Џорџ Расел се круниса со победа на Големата награда на Азербејџан, во трка каде…