
Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокерeш (27) го отвора патот за трансфер во Арсенал како прва опција ова лето, објавуваат британските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Манчестер Јунајтед останува заинтересиран доколку договорот со Арсенал пропадне, но сега се претпоставува дека желбите на Ѓокерес се јасни.
Арсенал имаше преговори со Бенџамин Шешко и контакти со Ѓокереш, но конечната одлука сè уште не е донесена.
Да потсетиме, Ѓокереш пристигна во Спортинг пред две години од Ковентри за 24 милиони евра.
Оваа сезона тој одигра 52 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 54 гола и 13 асистенции.
За репрезентацијата на Шведска настапува од 2019 година и досега има 26 натпревари со 15 постигнати голови.
Неговата пазарна вредност се проценува на 75 милиони евра.
Фото: Sporting/X