Дома Фудбал Падна договор, Џеко се враќа во Серија А

Падна договор, Џеко се враќа во Серија А

Фантастичниот Един Џеко иако во четврта деценија се уште игра на многу високо ниво.

На 39 години, тој успеа да постигне 21 гол во сезоната, и тоа не во обична лига, туку во турското првенство, кое во последните години добива на квалитет, а дури и еден Мурињо не успеа да освои титула таму.

Сега добил извонредна понуда.

Џеко има понуда од Болоња на една година, со можност за продолжување на договорот за уште една година, а би заработувал 1.5 милиони евра годишно плус бонуси.

Известувањата велат дека страните никогаш не биле поблиску до договор.

Набрзо се очекува новиот трансфер на Един Џеко, кој во својата кариера играше за Железничар, Теплице, Волфсбург, Манчестер Сити, Рома, Интер и Фенербахче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал го следи младиот талент на Ливерпул, Нгумоа

Арсенал е заинтересиран за младиот крилен играч на Ливерпул, Рио Нгумоа, кој е пофален од …