Неколку часа откако Марсеј го победи Каен со 5:0, Патрис Евра се огласи на социјалните мрежи, прв пат по инцидентот пред натпреварот во Лигата на Европа.
Потсетуваме, сега најверојатно поранешниот фудбалер на Марсеј удри навивач на оваа екипа со нога во главата, пред натпреварот против Гимараеш. Марсеј поради овој потег одлучи да го суспендира, најверојатно трајно, но со синоќешната објава на Инстаграм докажа дека и понатаму е со неговите соиграчи.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед објави слика на која, освен неговата слика во дресот на Марсеј, може да се види и панда, кој е негов „заштитен знак“ кога станува збор за социјалните мрежи. Со сликата, искусниот Французин објави и кратка порака, во која сакаше да им се заблагодари на сите „вистински навивачи“.
„Одличен резултат вечерва, добро нарпавено момци. Горд сум на вас. Ви благодарам на сите вистински навивачи на Марсеј. Ми даваат навистина голема поддршка“, напиша Евра.
