
Ламин Јамал и Осман Дембеле според многумина се главните кандидати за освојување на Златната топка. Своето мислење за сето тоа го даде и Луис де ла Фуенте откако Шпанија не успеа синоќа да ја освои Лигата на нации.
Јамал игра неверојатна сезона во којашто со Барселона успеа да освои дури три трофеи, но од друга страна и Дембеле се „препороди“ во дресот на ПСЖ.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Иако Јамал има само 17 години, тој е најголемиот конкурент на Дембеле во борбата за Златната топка. Мнозина веруваат дека во корист на Дембеле оди освојувањето на Лигата на шампионите што може да направи разлика, но Јамал сигурно не треба така лесно да се отпише.
Своето мислење околу Златната топка синоќа го откри и Луис де ла Фуенте кого го прашаа дали Јамал ја заслужува оваа награда, а селекторот на Шпанија беше јасен.
„Не, Ламин Јамал не е кандидат за Златната топка. Тој е најдобар играч на светот и направи повеќе од доволно за да ја освои таа награда“, порача Де ла Фуенте.
Фото: Принтскрин