
Енцо Мареска одлучи да го засили тимот на Челси во сите линии на тимот, а една од неговите желби е – Фермин Лопес.
Играчот за врска на Барса зад себе има одлична сезона, иако играше во ротација, собра дури 46 натпревари, постигна осум голови и запиша 10 асистенции, така сврте внимание на многу клубови.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Каталонскиот новинар Роџер Торело откри денес дека Челси испрати прва понуда од дури 75 милиони евра, но Барса ја одби, а одговорот беше негативен и кога “сините” понудија Кристофер Нкунку и дополнителни пари.
Ханси Флик смета дека Фермин е многу важен дел од тимот и Барса нема да го продаде освен ако самиот играч не побара да биде на трансфер листа. Сепак, тој исто така нема таква намера, туку порача дека му е сон да остави длабока трага во својот матичен клуб и да игра таму додека Барса го посакува.
Барселона навистина има потреба од пари, но ќе ги бара истите од заминувањата на Ансу Фати (кој има огромна плата), Андреас Кристенсен, и потенцијално Џерар Мартина, кој е на мета на Вулверхемптон.