Дома Останати Ракомет Алкалоид: Ова е голем успех и за македонскиот ракомет!

Алкалоид: Ова е голем успех и за македонскиот ракомет!

ЕХФ денеска ја потврди одлуката која и се очекуваше да ја донесе, Алкалоид со службени 10-0 го доби натпреварот со АЕК и така ја освои титулата во Европскиот куп.

Тимот од Автокоманда со 29-25 славеше на првиот натпревар во Атина, додека грчкиот состав на реваншот во Скопје не се појави на теренот поради незадоволството од бројот на билети за нивните навивачи.

„Ова не е само победа. Ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет!

По извојуваната победа во Атина во првиот дуел, противникот РК АЕК одби да го одигра реванш-натпреварот во Скопје од свои причини.

По разгледувањето на сите случувања и докази, ЕХФ донесе одлука за службена победа од 10 : 0 голови и од 2 : 0 поени за РК Алкалоид. Трофејот од Европскиот куп заслужено ќе биде во нашите витрини!“, објави Алкалоид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар е подготвен за Нант, утре дома оди по првите бодови во ЛШ!

Ракометарите на Вардар утре го играат натпреварот против Нант во рамките од второто коло в…