Дома Фудбал Роналдо со кратка порака ги „запали“ Португалци по победата над Германија

Роналдо со кратка порака ги „запали“ Португалци по победата над Германија

Португалија ја победи Германија со 2:1 во првото полуфинале на Лига нации, а човекот на одлуката беше искусниот Кристијано Роналдо.

Германците поведоа преку Вирц во 48. минута, но Консеисао израмни во 63-та минута, па само пет минути подоцна преку Роналдо дојде до пресврт и на крајот до голема победа.

Набрзо по последниот свиреж на двобојот на Алианц Арена, португалската суперѕвезда испрати кратка порака на социјалните мрежи, која се состоеше од неколку збора.

“НАПРЕД, ПОРТУГАЛИЈА!!”, напиша Роналдо.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …