
Пеп Гвардиола присуствуваше на хуманитарен голф турнир организиран од неговата фондација во Жирона. Таму зборуваше за младиот талент на Барселона, Ламин Јамал, како и за Барса и нејзините голмани.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гвардиола ја спореди ситуацијата на Јамал со ситуацијата на Лионел Меси во неговите рани денови и предвиде големи успеси за Ламин ако избегне повреди и остане фокусиран.
„Ако нема повреди или проблеми, ќе има блескава кариера“, изјави Гвардиола.
Тој исто така се осврна на неодамнешното продолжување на договорот на Јамал со Барселона до 2031 година, нагласувајќи дека зголемувањето на платата на играчот е сосема заслужено.
Фото: Принтскрин