Дома Фудбал Ал Наср му го претстави планот на Роналдо – се чека „зелено светло“ од Португалецот

Ал Наср му го претстави планот на Роналдо – се чека „зелено светло“ од Португалецот

Саудискиот клуб Ал Наср му претставил нов план на Кристијано Роналдо со цел да постигне договор за продолжување на соработката.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководството на клубот е подготвено да направи значајни промени во тимот, со надеж дека португалската ѕвезда ќе даде зелено светло и ќе потпише нов договор за продолжување на својата авантура во Саудиска Арабија.

Роналдо, кој стана лидер и најголема атракција на Ал Наср откако пристигна во клубот, е клучен дел од идните планови на управата.

Во обид да го убедат да остане, Ал Наср активно работи на засилувања – на листата на летни трансфер-мети се наоѓаат имиња како Луис Диаз од Ливерпул, дефанзивецот Давид Ханцко, како и врвен играч од средниот ред чиј идентитет засега не се открива.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Закариќ и Данев ја урнаа Брегалница, Вардар со победа тргна по одбрана на титулата! (Видео)

Фудбалерите на Вардар успешно тргнаа во одбрана на титулата во Првата лига откако на свој …