Дома Фудбал Еуфорија помеѓу навивачите: Веќе се појави првата опција за нов клуб на Роналдо!

Еуфорија помеѓу навивачите: Веќе се појави првата опција за нов клуб на Роналдо!

По дефинитивната потврда дека Ал Наср нема да игра во Лигата на шампиони во следната сезона, и откако самиот Кристијано Роналдо изјави дека завршил едно поглавје, почнаа шпекулациите за тоа во кој дрес би можел да ја продолжи својата кариера искусниот Португалец.

Со оглед на тоа што се приближува Светското клупско првенство, нема сомнеж дека неговата амбиција е да игра на ова големо натпреварување, а изминатата вечер се појавија шпекулации, иако непотврдени, за интерес од страна на Бока Јуниорс.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Големиот клуб од “Бомбонера” не доставил никаква понуда до Роналдо, но арентинскиот новинар Хорхе Д’Алесандро во популарната ТВ емисија “Ел Чирингито” истакна дека би сакал да го види Португалецот во дресот на овој аргентински гигант.

“Би сакал да го видам Роналдо во дресот на Бока Јуниорс. Им треба! Рикелме, обиди се да го доведеш”, истакна Д’Алесандро предизвикувајќи лавина коментари во земјата на актуелниот светски шампион.

Од друга страна, италијанските медиуми го селат Роналдо во Мексико, поточно во Монтереј, каде што би можел повторно да се најде во ист тим со Серхио Рамос, негов поранешен соиграч од Реал Мадрид, каде што исто така би имал шанса да игра на Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешниот португалскиот шампион исфрлен во петта лига!

Боависта, еден од само петте клуба кои некогаш ја освоиле португалската лига, е изваден во…