Дома Фудбал Ѓокереш даде коментар на шпекулациите дека се сели во Англија

Ѓокереш даде коментар на шпекулациите дека се сели во Англија

Фудбалерите на Спортинг од Лисабон синоќа го комплетираа фантастичниот сезон. Победија против Бенфика со 3:1 после продолженија во финалето на Купот на Португалија и така освоија “двојната круна”.

Одличниот напаѓач на Спортинг, Виктор Ѓокереш, постигна гол во 11. минута од судиското надополнување и го одведе финалето во продолженија. Таму Спортинг блескаше и дојде до новиот трофеј.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Финалето на Купот требаше да биде последниот натпревар на Ѓокереш во дресот на Спортинг.

Кога новинарите го прашаа за неговата иднина по мечот, шведскиот репрезентативец беше неодреден.

Ќе видиме. Тешко ми е да кажам, бидејќи тоа е фудбалот. Никогаш не знаеш што може да се случи во текот на летото. Не можам да кажам ништо повеќе.”

На прашањето за потенцијалниот премин во Арсенал, додаде:

Не знам. Бев фокусиран на ова, се залагав да се сконцентрирам на овие натпревари. Беа толку важни што не сакав да размислувам за ништо друго. Ќе видиме во текот на летото што ќе се случи“.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Лука Модриќ се сели во Милано

Лука Модриќ на крајот на сезоната се прости со Реал Мадрид каде изгради легендарен статус,…