Дома Фудбал Лапорта: Сè е договорено со Јамал

Лапорта: Сè е договорено со Јамал

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта призна дека сè околу новиот договор на големата ѕвезда на тимот Ламин Јамал е договорено. Останува само големиот талент, кој во јули ќе наполни 18 години, официјално да го потпише договорот.

„Тој е гениј кој ужива да игра за Барса, има пријатели во Барса и покрај тоа е дел од оваа генерација што навикнала да живее со своите соиграчи. Тој е фудбалер со извонреден индивидуален талент, но е и тимски играч и се чувствува комфорно. Има и агент, Жорге Мендеш, со кого имаме лесна комуникација. Обновувањето на неговиот договор на практика е веќе договорено, останува само ратификацијата.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во Барса ги плаќаме играчите според нивните способности. Ние сме клуб кој добро плаќа. Исто така велиме дека нема подобро место од Барса. Ламин е играч кој може да успее секаде. Тоа го знаеме. И порано се случувало, кога Интер го сакаше Лео Меси. На крајот, сите решивме тогаш, заедно со таткото на Лео, дека Барса е најдобриот проект за него. И навистина беше така, затоа што тој стана најдобриот играч во историјата. Ламин, на 17 години, е еден од најдобрите во светот. Тој и неговото семејство се чувствуваат многу удобно тука“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона наскоро се враќа на Камп Ноу, погледнете како изгледа реконструираниот стадион

По две сезони на стадионот „Монжуик“, Барселона повторно ќе игра на „Камп Ноу“ на 10 авгус…