
Трикратниот гренд слем шампион Стан Вавринка од Швајцарија и легендарниот француски тенисер Ришар Гаске добија специјални покани за настапување во главната ждрепка на Ролан Гарос, соопштија денес организаторите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гаске (38), кој моментално е 160-ти тенисер во светот, најави уште во октомври дека годинашниот Ролан Гарос ќе му биде последниот турнир во кариерата, така што неговата вајлд карта се очекуваше.
Малку повеќе неизвесност имаше околу Вавринка (132 на АТП листата), шампион на Отвореното првенство на Франција од 2015 година, но организаторите решија да му укажат чест.
Фото: Принтскрин