Дома Фудбал Де Брујне кажа ДА, Наполи му го украде и напаѓачот пред носот на Интер и Јувентус!

Де Брујне кажа ДА, Наполи му го украде и напаѓачот пред носот на Интер и Јувентус!

Кевин Де Брујне се согласи да започнат преговори за неговиот трансфер од Манчестер Сити во Наполи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгиецот после разговори со Мертенс и Лукаку одлучи да се придружи на клубот од Неапол и сака што побрзо да биде завршен договорот за да може мирно да замине на одмор.

Моменталната разлика меѓу понудата и побарувачката е што тимот на Де Брујне сака тригодишен договор, додека Наполи нуди две години плус опција за трета, а би заработувал седум милиони евра по сезона.

И тоа не е се. Наполи е на чекор до потпис и со Џонатан Дејвид, напаѓачот на Лил кој не сака повеќе да остане во францускиот клуб. Него го сакаа и Интер и Јуве, но изгледа дека Наполи е најконкретен.

Заиста, одличен тим создава Конте за наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хрватска е најоштетена репрезентација на Светското првенство!

Истражување на Универзитетот Нортистерн открива дека фудбалската репрезентација на Хрватск…