Дома Останати Кошарка НБА-кошаркар исклучен по 80 секунди: Тепачка меѓу Индијана и Кливленд на стартот на мечот (Видео)

НБА-кошаркар исклучен по 80 секунди: Тепачка меѓу Индијана и Кливленд на стартот на мечот (Видео)

Кошаркарите на Индијана убедливо го совладаа Кливленд (129:109) во четвртиот натпревар од плеј-оф серијата и сега имаат три меч топки за пласман во финалето на Источната конференција. Натпреварот на овие два тима го одбележа и голем инцидент среде првата четвртина, кога се расправија кошаркарот на Индијана Бенедикт Матурин и кошаркарот на Кливленд Диандре Хантер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Двајцата кошаркари прво имаа дуел во рекетот, и се чинеше дека Матурин го удри Хантер во таа прилика, пред да се повлече неколку метри назад. Хантер се упати кон него, му се закани со прст, а потоа го турна на паркетот и предизвика хаос на теренот. Веднаш на местото дојде кошаркарот на Индијана Мајлс Тарнер, кој го турна противникот, а се вмешаа и други кошаркари. Погледнете како изгледаше тоа.

Одлучено е Бенедикт Матурин да биде исклучен, така што кошаркарот на Индијана помина само една минута и 20 секунди на паркетот во текот на овој натпревар.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пелистер прегазен во Скопје, МЗТ ќе игра за нова титула!

МЗТ Скопје со убедлива победа од 87-58 против Пелистер обезбеди пласман во финалето на мак…