Дома Фудбал Инцидент во Премиер лигата: Газдата на клубот го нападна тренерот сред терен (Видео)

Инцидент во Премиер лигата: Газдата на клубот го нападна тренерот сред терен (Видео)

Нотингем Форест не бележи одлични резултати во последно време, па така пласманот во Лигата на шампионите е сè подалечен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По ремито на домашен терен против екипата на Лестер, двократниот европски првак речиси остана без шанси за пласман во елитното натпреварување.

По оваа натпревар, на теренот „Сити граунд“ дојде до конфликт помеѓу претседателот на клубот Евангелос Маринакис и тренерот Нуно Еспирито Санто.

Грчкиот милијардер се огласи на социјалните мрежи по овој инцидент, каде објасни што се случило.

Денешниот ден е за славење, бидејќи по 30 години, Нотингем Форест повторно ќе игра во Европа, тоа е ветувањето што го дадов кога изборивме пласман во повисока лига. Со уште два натпревара во Премиер лигата, мораме да продолжиме да веруваме и сонуваме до последниот судиски свиреж“, изјави Маринакис.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентинците со сензационална најава пред полуфиналето со Англија: Белингем под знак прашање!

Зад нас е 33. ден од Светското првенство, кој може да се опише како тишина пред бура. Како…