Дома Фудбал Скандалозна одлука на судиите: Англичаните нè потсетија зошто е воведен ВАР во фудбалот

Скандалозна одлука на судиите: Англичаните нè потсетија зошто е воведен ВАР во фудбалот

Фудбалерите на Леитон Ориент и Стокпорт Каунти одиграа нерешено 2:2 во првиот меч од полуфиналето на плеј-офот за пласман во Чемпионшип, а овој дуел донесе и неколку контроверзни моменти кои сигурно ќе бидат тема на дискусија до реваншот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, главната контроверзија се случи по половина час игра кога домаќините поведоа со гол на Чарли Келман, инаку најдобриот стрелец во лигата.

Келман доби асистенција од Омар Беклс, а погодокот предизвика бројни коментари на социјалните мрежи затоа што стрелецот беше во очигледен офсајд кој помошниот судија не го забележа.

Мнозина на социјалните мрежи коментираат дека веројатно не успеал да го види допирот на Беклс во оваа спорна ситуација.

Голот и спорнaта ситуација можете да ги погледнете тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Шпанија немаат дилеми, знаат и кога ќе биде промоцијата на Мурињо!

Португалскиот тренер Жозе Мурињо е повторно во центарот на вниманието на шпанските медиуми…