Дома Моторспорт Хелмут Марко ги реши дилемите: Познато каде ќе вози Ферстапен во 2026 година

Хелмут Марко ги реши дилемите: Познато каде ќе вози Ферстапен во 2026 година

Хелмут Марко, советник на Ред Бул и еден од највлијателните луѓе во падокот, во последно време често зборуваше за несигурната иднина на Макс Ферстапен во австрискиот тим. Меѓутоа, сега тврди дека неговите грижи исчезнале.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


По серијата на послаби резултати на Ред Бул во оваа сезона и шпекулациите за евентуален премин на Верстапен во Мерцедес или Астон Мартин, се чинеше дека Холанѓанецот би можел да ја искористи клаузулата за раскин на договорот ако тимот не е конкурентен. Но Марко го промени тонот.

„Точно е тоа, но таа загриженост сега е значително помала“, рече Марко за „Билд“.

„Макс е лојален и јавно се обврза на Ред Бул. Тоа се вклопува во сликата што ја имам за него во моментов. Целосно е фокусиран на работата тука. Затоа не мислам дека размислува за промена. Напротив. Убеден сум дека и во 2026 година, Макс ќе вози за Ред Бул“, додаде тој.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Нема крај на проблемите: Откажување ѝ се заканува и на третата трка на Формула 1 по ред

По откажувањето на Големите награди на Саудиска Арабија и Бахреин поради политичката ситуа…