
Тепачката во која учествуваа играчите на Партизан (Карлик Џонс, Исак Бонга, Стерлинг Браун и Френк Ниликина) пред еден ноќен клуб во Белград наскоро ќе добие и правен епилог.
Во моментот се собрани докази, а потоа ќе следи и сослушување на сите учесници во тепачката.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Тоа за што може да се обвинат кошаркарите на Партизан, пред сè Карлик Џонс, е учество во тепачката и нанесување телесни повреди. Во зависност од медицинската документација – ќе биде познато дали се работи за полесни или потешки повреди.
На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како Карлик Џонс удира момче со шише по главата. Удреното момче потоа падна, а репрезентативецот на Јужен Судан го гаѓаше со дел од шишето што му остана во рацете, што исто така се гледа и на видеото.
Инцидентот се случи на улицата Црногорска околу 4 часот по полноќ, односно рано наутро во понеделник. Полицијата доби повик околу четири ипол часот и излезе на теренот каде што затекна тројца повредени мажи.
Хаос пред ноќниот клуб “Банк” рано утрото во понеделник pic.twitter.com/FBR7wbKMNR
— sportsscandals (@sportsscandals1) May 5, 2025
Фотографија: Принтскрин