„Оваа сезона е тешка за мене. Морам да играм секои три дена бидејќи немаме друг напаѓач. Треба да купиме напаѓач кој ќе биде моја замена“, порача неодамна напапаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски.
Не се чекаше долго на одговор од челниците на баварскиот гигант, во јануари на „Алијанц Арена“ пристигнува Стефан Квислинг.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Тоа не би било ништо чудно ако напаѓачот на Леверкузен немаше 33 години и одиграни само 19 минути оваа сезона.
„Во фудбалот имало и полуди приказни. Добро е чувството кога вашето име се поврзува со Баерн“, прокоментира Квислинг.
„Дава се на тренинзите, ме боли секогаш кога нема да го ставам во игра. Но, другите напаѓачи се моментално пред него“, изјави тренерот на Леверкузен.
Јуп Хејнкес добро го познава Квислинг и под негово водствот во Леверкузен од 2009 до 2011 година постигна 28 гола.