
Меѓународната федерација за фудбал (ФИФА) казни два клуба од Кенија и Виетнам поради манипулирање со исходот од фудбалски натпревари и ги исфрли во третите дивизии на земјите, соопштува агенцијата Ројтерс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дисциплинската комисија (ДК) при ФИФА откри дека кенискиот Мухорони спроведувал „активности поврзани со манипулација на фудбалски натпревари и турнири“.
Дел од казната е отстранувањето на тимот од втората дивизија и испраќањето во трета. Виетнамскиот Фу То исто така е виновен за местење на натпревари и исто така е испратен од втора во трета дивизија. ДК при ФИФА додава дека двата клуба се информирани за одлуките и имаат право да ги обжалат.