
Бетис синоќа на свој терен ја победи Фиорентина со 2:1 во првиот меч од полуфиналето на Конференциската лига, а натпреварот го обележа спектакуларниот погодок на Антони. Бразилецот игра неверојатно од кога пристигна во Шпанија, и во Бетис „имаат план“ како да го задржат во својот тим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Легендарниот Хоакин порача дека во клубот се подготвени и да го киднапираат Бразилецот само за да остане во клубот, што доволно покажува каква трага успеа да остави Антони за само неколку месеци.
„Ако треба да го киднапираме Антони, ќе го возам својот автомобил за да го направиме тоа, но тој мора да остане без разлика на се“, се нашали Хоакин синоќа.