
Тотенхем и Манчестер Јунајтед блескаат на европската сцена. Двата англиски гиганти остварија сигурни победи во првите полуфинални натпревари од Лигата на Европа.
Во Лондон, Тотенхем покажа класа против норвешкиот Бодо/Глимт, тим кој оваа сезона изненадуваше на европската сцена и првпат се најде во полуфинале. „Петлите“ славеа со 3-1 (2-0), а мечот започна спектакуларно – Бренан Џонсон ја затресе мрежата уште во првата минута, поставувајќи нов клупски рекорд за најбрз погодок во европски натпревар. До крајот на првото полувреме, Џејмс Медисон го удвои водството по одлична акција и асистенција од Педро Поро. Во второто полувреме, од белата точка погоди и Доминик Соланке, ставајќи печат на триумфот. Почесниот гол за гостите го постигна Улрик Салтнес, а мала сенка на победата фрли повредата на Медисон.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Во другото полуфинале, Манчестер Јунајтед одигра зрел и сигурен натпревар на жешкиот терен во Билбао, каде го победи Атлетик со 0-3. Првиот погодок пристигна во 30. минута преку Касемиро, кој со удар со глава го отвори резултатот. Само шест минути подоцна, домашниот дефанзивец Дани Вивиан направи прекршок за пенал и доби директен црвен картон. Одговорноста ја презеде капитенот Бруно Фернандеш, кој го реализираше ударот од белата точка. Пред паузата, Португалецот повторно се запиша меѓу стрелците и го постави конечниот резултат уште во првото полувреме.