Најинтересниот меч за нас во Лига Европа секако е дуелот Реал Сосиедад – Вардар. Како одминува сезоната Вардар игра се послабо и послабо. Го нема жарот и мотивот кај играчите од стартот на сезоната кога беше елиминиран големиот Фенербахче. Шпанците во Скопје славеа со убедливи 0:6, а како игра Вардар тешко е да се верува дека ќе избегне убедлив пораз.
Вардар во катастрофална форма
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Вардар гостува во Сан Себастијан во најлош можен момент за тимот. Вардарци се во серија од 4 меча без победа, забележувајќи три порази и едно реми. Серијата започна со поразот пред две недели токму од Сосиедад и тоа со 0:6 на домашен терен. Продолжи во домашиот шампионат со порази од просечните Победа и Работнички и кулминираше со ремито против Силекс. Се на се, јасно е дека во вардар дуваат лоши ветришта иако можеме само да ја нагаѓаме вистинската причина за тоа. Она што повеќе загрижува од поразите е играта на тимот. Не е исто да губиш во добра игра или во лоша. Вардар пак игра катастрофално на овие дуели, без жар, без динамика и без мотив. Ако се земе во предвид и тоа што Вардар сезонава во Лига Европа има гол разлика 1:14 по три меча, тогаш црно му се пишува на тимот во Шпанија.
Чеде не се снаоѓа добро во Вардар
Чедомир Јаневски стигна во Скопје со голема помпа, заменувајќи го Гоце Седловски. Почна одлично елиминирајќи го Фенербахче, но тоа беше се од него. Очигледно е дека Чеде не се снаоѓа добро во Вардар, а тоа најдобро се гледа по пристапот на фудбалерите на терен. Јаневски долги години играше фудбал на запад, потоа го калеше тренерскиот занает таму и има друг менталитет. А тој менталитет очигледно дека не може да се вклопи во Македонија и тоа е причината што фудбалерите изгледаат психички неспремни. Вардар иако има два меча помалу од лидерот во домашниот шампионат, заостанува 11 бода. Кога во прашање е Првата Лига на Македонија, таа предност е речиси недостижна и тоа дополнително го ослабува мотивот.
Остатокот од анализата прочитајте го на kladenje.mk