Дома Останати Кошарка Хаос во НБА: Општа тепачка помеѓу кошаркарите на Голден Стејт и Хјустон (Видео)

Хаос во НБА: Општа тепачка помеѓу кошаркарите на Голден Стејт и Хјустон (Видео)

На четвртиот натпревар од НБА плејоф серијата меѓу Голден Стејт Вориорс и Хјустон Рокетс беше многу напнато.

Вориорс поведоа во серијата со 3:1, откако славеа на свој терен со 109:106, а мечот беа обележан со многу „валкани потези“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во текот на втората четвртина, седум минути пред крајот се случи конфликт помеѓу Стеф Кари и Дилон Брукс.

Канаѓанецот го фаулираше Кари, а кога можеше само да се сврти и замине, реши да му ја извади топката од рацете и тогаш сè ескалираше.

Во сето тоа се вмеша и Дрејмонд Грин, кој притрча за да го заштити Кари, а сето тоа резултираше со тепачка, туркање и повишени тонови.

На крајот, сите тројца добија техничка грешка.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Џинот Марјановиќ возеше тракторот низ нива и стана хит на социјалните мрежи (Видео)

Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ повторно ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи…