Дома Фудбал Роналдо и Мане ја одведоа Ал Наср во полуфиналето на ЛШ

Роналдо и Мане ја одведоа Ал Наср во полуфиналето на ЛШ

Во третото четвртфинале добивме и трет тим од Саудиска Арабија кој ќе игра во полуфиналето на Лигата на шампиони на Азија.

Тоа ќе биде по Ал Хилал и Ал Ахли (кои ќе се сретнат во првото полуфинале во Џеда) тимот Ал Наср.

Кристијано Роналдо и неговите соиграчи вечерва без никакви проблеми ја совладаа Јокохама со резултат 1:4, а веќе по првите 45 минути беше јасно дека тимот од Саудиска Арабија ќе им нанесе пораз на Јапонците.

Цели 27 минути издржаа фудбалерите на Јокохама, а потоа Ал Наср тргна многу силно, Дуран, Мане и Кристијано Роналдо беа стрелци, Дуран на почетокот од второто полувреме го реши прашањето на победникот, а поразот на својот тим го ублажи Ватанабе во 53-та минута.

Победникот од дуелот Кавасаки (Јапонија) и Ал Сад (Катар) ќе се сретне со Ал Наср.

Инаку, од четвртфиналето сите натпревари се играат во Џеда во форматот топ 8.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Микел Артета не оди никаде од Арсенал, добива поголема плата!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, постигнал договор за продолжување на соработката со анг…