Работите во Реал Мадрид оваа сезона не функционираат, а тоа е евидентно после дебаклот на „Вембли“ против Тотенхем.
Зидан го има најлошиот период откако е на клупата на Реал Мадрид. Тој е свесен дека неговите играчин се во лоша форма, а тоа ќе се одрази на наредните трансфер периоди во кои четири ѕвезди сигурно ќе го напуштат „Сантиаго Бернабеу“.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Зизу веќе отпиша тројца фудбалери, додека претседателот Перез на списокот додаде уште еден, што е јасен доказ дека тимот целосно ќе се реконструира.
Прв на трансфер листата ќе биде Марсело, играч кој изминатите две години беше најдобриот лев бек во светот, а оваа сезона не личи на себе. Зидан исто така даде сериозни индиции дека може да биде продаден и Лука Модриќ. Хрватот оваа сезона е во лоша форма и тоа многу влијае на играта на „кралевите“.
Иако звучи неверојатно, третиот на трансфер листата е Кристиано Роналдо. Во Реал сметаат дека Португалецот ја загубил „магијата“ и дека нема повеќе способност сам да го носи тимот и да го вади од кризата.
Веќе се погласни се шпекулациите дека следното лето после Мундијалот Реал ќе го продаде Португалецот и ќе донесе нова голема ѕвезда, а во моментов се лецитира со неколку имиња.
Покрај овие тројца фудбалери, „Диарио Гол“ пренесува дека Перез на листата го додал и Карим Бензема за кого смета дека го дал максимумот и дека треба да донесе нов врвен голгетер.