Дома Фудбал Со дрес од Роналдо го провоцираше Меси – Аргентинецот жестоко му возврати! (Видео)

Со дрес од Роналдо го провоцираше Меси – Аргентинецот жестоко му возврати! (Видео)

Лионел Меси се најде во центарот на вниманието по поразот на Интер Мајами од 2:0 против Ванкувер Вајткапс во првиот натпревар од полуфиналето на Конкакаф Лигата на шампионите 2025. Додека видливо нервозен го напушташе теренот, еден навивач го испровоцираше мавтајќи со дрес на Кристијано Роналдо.

Ова предизвика бурна реакција на Меси, која брзо се прошири по социјалните мрежи.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Според снимките објавени на ТикТок и мрежата X, Меси на кратко застана кога го виде дресот и нервозно одговори:

“Јас сум број еден, оди и гледај го во Саудиска Арабија”, рече аргентинската ѕвезда, пренесе Bein Sports.

Необичната ситуација се случи веднаш по натпреварот додека Меси одеше кон соблекувалната на стадионот БЦ Плејс во Ванкувер, по тешката вечер за Интер Мајами кој сериозно ги загрози своите шанси за настап во финалето. Ова сцена предизвика поделени реакции. Некои го поддржаа Меси, сметајќи го неговиот одговор за разбранливо по провокацијата по болниот пораз. Други го критикуваа, мислејќи дека требаше да ја игнорира провокацијата.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Освои ЛШ и беше дел од тимот на сезоната. Сега го бркаат

Очекувајте Џиџо Донарума да го напушти Пари Сен Жермен, можеби веќе ова лето или најдоцна …