Дома Фудбал Новинарите со едно прашање го налутија Компани: Ова е неверојатно!

Новинарите со едно прашање го налутија Компани: Ова е неверојатно!

Тренерот на Баерн, Винсент Компани, одржа прес-конференција пред следниот натпревар на неговиот тим против Мајнц во 31. коло на Бундеслигата. Баерн е убедливо водечки тим во германското првенство со осум бода предност пред второпласираниот Леверкузен. Веќе пред неколку дена тренерот Чаби Алонсо изјави дека малку е веројатно Леверкузен да го престигне Баерн во завршницата на сезоната.

На прес-конференцијата германските новинари констатираа дека ова на Белгиецот ќе му биде првата освоена титула во тренерската кариера, на што Компани одговори: “Ова е неверојатно, веќе втор пат во оваа недела некој ми вели дека ова би ми бил првиот трофеј како тренер. Веќе го освоив со Барнли. Да, тоа беше промоција, но завршивме први на табелата, што значи дека освоивме титула. Но добро, тогаш парадата во Барнли веројатно беше залудна.”

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Да потсетиме, Компани со Барнли во сезоната 2022/23 го освои Чемпионшипот и обезбеди промоција во Премиер лигата. Таму следната сезона Барнли заврши 19-ти, но сепак Белгиецот на лето доби работа во Баерн.

Фото: FC Bayern München/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок скандал во Серија А: Голман доби жолт картон обложувалниците изгубиле 120.000 евра

Голманот на Удинезе, Мадуке Окоје, се соочува со можноста за суспензија од четири години! …