Дома Фудбал Манчестер Сити ослабен против Нотингем: Пеп не може да смета на пет фудбалери

Манчестер Сити ослабен против Нотингем: Пеп не може да смета на пет фудбалери

Манчестер Сити конечно заигра како што се очекуваше, се најдоа на позиција која води во Лигата на шампионите и сега им претстои нова борба за трофејот.

Во полуфиналето на ФА купот ќе играат против Нотингем, а проблемите се појавија неодамна, особено поради повредите.

Добро е познато дека нема да игра Ерлинг Халанд, тој се повреди во четвртфиналето на ФА купот, а слична е ситуацијата и со Нејтан Аке кој ќе се врати средината на мај. Родри ја заврши сезоната, а Џон Стоунс уште не е подготвен, можно е да биде на почетокот на следниот месец.

Последен кој е на списокот со повредени е голманот Едерсон кој се повреди против Палас, не играше против Евертон и Вила и најверојатно нема да биде на располагање ни против Нотингем.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фернандез во Сити може да оди само под еден услов

Челси размислува да го продаде аргентинскиот играч од средината, Енцо Фернандез (25), на М…