Дома Фудбал Можни се три нови правила во нокаут фазата на Лигата на шампиони?

Можни се три нови правила во нокаут фазата на Лигата на шампиони?

Лигата на шампиони е најсилното светско клупско фудбалско натпреварување. Европската фудбалска организација од оваа сезона воведе драстични промени во системот на натпреварување, со воведување на формат со 36 екипи кои се натпреваруваат на единствена табела. Сепак, како што е најавено, на повидок се нови промени кои би можеле да бидат воведени веќе од следната сезона. За тоа ќе се одлучи по состанокот на 30 мај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За да се намали заморот кај играчите, УЕФА би вовела изведување на пенали после две натпревари ако резултатот е нерешен. Сега, после две натпревари, се игра дополнителни триесет минути. Со отфрлање на тие продолженија би се намалил напорот за играчите во веќе пренатрупаниот распоред.

Екипите што ќе завршат на места од првото до осмото во првата фаза од Лигата на шампиони ќе имаат значителна предност на домашен терен. Во осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето ќе го играат реваншот дома. Досега ја имаа таа предност само во осминафиналето.

УЕФА размислува за враќање на правилото за забрана на меѓусебни натпревари на клубовите од истите земји пред четвртфиналето. Главната причина се финансиите бидејќи меѓусебните дуели на клубови од исти земји се помалку добитни поради гледачите и спонзорите.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …