Дома Фудбал Во неделата која следи Интер го чека пеколен распоред!

Во неделата која следи Интер го чека пеколен распоред!

Официјално е одлучено дека фудбалерите на миланскиот Интер и Рома ќе го одиграат својот дуел од 34. коло на Серија А во недела во 15 часот. Овој натпревар требаше да се одигра во сабота во 18 часот, но сите фудбалски натпревари тој ден се одложени поради погребот на папа Франциско, кој ќе се одржи во сабота. Покрај дуелот на Интер и Рома, тој саботен ден требаше да играат и Комо – Џенова и Лацио – Парма. Првата двојка ќе игра во недела, а втората во понеделник.

Постоеше можност Интер и Рома сепак да играат во сабота, за италијанскиот шампион Интер да добие ден повеќе за одмор пред првиот полуфинален дуел на Лигата на шампионите против Барселона, кој ќе се игра во среда на 30 април. Тоа нема да се случи, па Интер треба да издржи тежок ритам во следните денови.

Распоредот на Интер во следните седум дена:

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


23. 4. Полуфинале на италијанскиот куп, Интер – Милан
27. 4. Серија А, Интер – Рома
30. 4. Полуфинале на Лигата на шампионите, Барселона – Интер

Денеска ќе играат реванш натпревар со Милан во полуфиналето на италијанскиот куп, откако првиот натпревар заврши 1:1. Потоа во недела игра против Рома, а за седум дена гостува кај Барселона.

Барселона, противникот на Интер во полуфиналето, ќе има ден повеќе одмор во споредба со миланскиот противник. Во вторникот одиграа натпревар од лигата против Мајорка, додека во сабота навечер во Севиља ќе го играат финалето на Купот на кралот против мадридскиот Реал.

Интер со Наполи води голема битка за титулата во Серија А. Двете екипи имаат по 71 бод и се на врвот на табелата.

Фото: Inter FC

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го совлада Интер и ќе игра во финале

Појавувајќи силна игра, Милан го надигра Интер со 3:0 и се квалификуваше за финалето на Ку…