
Ангелос Постекоглу ќе заврши брзо како тренер на Тотенхем.
Дури и во случај да освои трофеј од Лигата на Европа, нема да остане на местото главен тренер на лондонскиот клуб бидејќи во Премиер лигата, благо кажано – е слаб.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Најновиот пораз од Нотингем 2:1 го испрати Тотенхем на 16-тата позиција на табелата од Премиер лигата, што беше 18-тиот пораз во сезоната. Му недостига уште еден за да го сруши рекордот на Тотенхем, се разбира, тој негативниот.
Веќе пишувавме за потенцијалните замени, Ираола и Марко Силва не сакаат да заминат од своите клубови.
Доказот дека Постекоглу ќе си оди лежи и во сигурното заминување на еден од најважните луѓе во спортскиот сектор на Тотенхем. Скот Ман ќе го напушти клубот, што скоро сигурно значи и заминување на Постекоглу.
Факт е и дека Постекоглу покажува знаци на стрес, а британскиот “Телеграф” не ја исклучува можноста овој тренер да го напушти клубот пред крајот на сезоната.
Главно, може да се каже, дури и да ја освои титулата, дека е промашување…
Фото: Tottenham Hotspur/FB