Дома Фудбал Алегри е фаворит за тренерската позиција во Милан

Алегри е фаворит за тренерската позиција во Милан

Поранешниот тренер на Милан, Масимилиано Алегри, е фаворит да се врати на чело на “росонерите” по завршувањето на сезоната, објавува весникот “Гадзета дело Спорт”.

Пред две недели, италијанскиот спортски дневник пишуваше дека Роберто Де Дзерби е основната цел на раководството на Милан за нов тренер, но тоа се изменило, откако се смени целото спортско раководство на клубот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Наскоро, раководителите на Милан се сретнаа со Игри Таре, кој се очекува да стане следниот спортски директор. Според весникот, Сержио Консейсао нема да остане на чело на Милан, дури и ако тимот се пласира на европските турнири. Во неговиот договор постои клаузула, според која секоја од двете страни може да ја прекине соработката пред неговото истекување во 2026.

Една од задачите на Таре ќе биде да пронајде италијански тренер, откако тимот последователно беше воден од двајца Португалци – Пауло Фонсека и Консейсао. Поранешниот албански репрезентативец го преферира искуството на Макс Алегри, кој е без работа една година по неговиот престој во Јувентус. Специјалистот шест пати ја освои титулата на Италија, а еднаш тоа го направи и со Милан – во 2011 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…