Дома Фудбал Германската легенда жестоко удри по Нејмар: На Баерн не му е потребен таков циркузант!

Германската легенда жестоко удри по Нејмар: На Баерн не му е потребен таков циркузант!

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус нема добро мислење за бразилецот Нејмар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѕвездата на Светското првенство 1990 и идол на БаернЛотар Матеусго критикувашеНејмароткако го прашаа дали таков играч би се вклопил во германскиот клуб.

„Во Баерн не сакаме шоумени. Нејмар има превисоко мислење за себе. Тоа го видов многупати. Тој е еден од најдобрите играчи во светот, затоа играше за клубовите за кои играше, заработуваше пари и сè е во ред. Но, Баерн е семејство, се грижиме еден за друг. Имам чувство дека Нејмар повеќе се грижи за себе отколку за клубот“, изјавиЛотар Матеусза ESPN.

Нејмарво јануари оваа година се врати во Сантос каде што и ја започна кариерата. Овој 33-годишен Бразилец претходно играше во Саудиска Арабија за Ал-Хилал, а светската слава ја стекна во Барселона и Пари Сен Жермен.

Нејмарза Бразил одигра 128 натпревари (втор на сите времиња задКафусо 142) и постигна рекордни 79 гола (го престигна легендарниотПелесо 77).

. Фото: Santos FC
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос на улиците во БиХ по ремито со Канада: Се судрија Хрвати и Босанци – фрлаа факли (Видео)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина го отвори Светското првенство со нерешен резултат …