Дома Фудбал Македонските фудбалерки запишаа минимален триумф против Литванија

Македонските фудбалерки запишаа минимален триумф против Литванија

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години оствари важна победа од 1-0 против Литванија во претквалификациите за Европското првенство.

Мечот беше неизвесен до самиот крај, а триумфот на Македонија дојде по автоголот на Јотвиле Сабаите во 92. минута, што на нашите девојки им донесе вредни три бода.

Со овој успех, македонската селекција го започнува квалификацискиот циклус со позитивен резултат, а следниот предизвик ги очекува на 4 април против Ерменија. По само три дена, на 7 април, ќе се соочат со селекцијата на Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио го гледа врвот, Гатузо ја спушта еуфоријата: Прво 40 бода!

Лацио има шанса да се издвои на чело на Серија А, но Џенаро Гатузо пред дуелот со Каљари б…