Дома Моторспорт Љубовната врска се распадна: Позната актерка го остави Хамилтон

Љубовната врска се распадна: Позната актерка го остави Хамилтон

Луис Хамилтон на почетокот на годината се најде во центарот на вниманието на јавноста поради шпекулации дека е во врска со познатата актерка Софија Вергара со која излегувал неколку пати. Сепак, се појави информација дека тие веќе не се заедно и е познато причината за нивното разделување.

Таман кога се очекуваше дека Хамилтон малку се смирил и ќе се посвети на Формула 1 и на мисијата да се врати на самиот врв откако премина во Ферари, тој повторно почна да ги полни насловните страници на медиумите низ светот поради новата љубовна романса.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Пред неколку месеци се појавија информации дека Хамилтон е во врска со познатата актерка Софија Вергара, а набргу потоа беа објавени и фотографии како тие заедно го поминуваат времето во Њујорк.

Хамилтон и Вергара имаа неколку јавни излегувања со што дополнително ги засилија приказните за љубовната врска, но изгледа дека тоа не траеше долго.

Англиските медиуми пишуваат дека Хамилтон и Софија веќе не се заедно и дека одлучиле да тргнат по различни патишта откако сфатиле дека не се еден за друг.

„Дејли Мејл“ пишува дека Софија била таа што одлучила да прекине со Луис затоа што ѝ било јасно дека не може да се вклопи во неговиот стил на живот. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ред Бул во необична боја ќе вози во Јапонија

На претстојната трка за Големата награда на Јапонија, која ќе се одржи на легендарната пат…