Дома Фудбал Манчестер сити сака да се засили со српски голман!?

Манчестер сити сака да се засили со српски голман!?

За чуварот на мрежата на Торино, кој оваа сезона брани во неверојатна форма, сега има интерес и од актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити, пишува италијанскиот „Тутоспорт“.

„Граѓаните“, кои оваа сезона имаат многу проблеми со резултатите, сакаат следната сезона во своите редови да го видат српскиот голман.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Првиот голман на екипата, Бразилецот Едерсон, има значителни проблеми со формата и се е поизвесно дека после оваа сезона ќе го напушти тимот од Манчестер и ќе се пресели во Саудиска Арабија.

Токму поради тоа, Пеп Гвардиола се интересира за Вања Милинковиќ Савиќ, кој би можел да застане на голот на еден од најдобрите тимови денес.

Цената би требало да биде помеѓу 20 и 30 милиони евра, што секако нема да биде проблем за Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус уште во јануари го продава напаѓачот кој го доведе ова лето?

Канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид (25) изразува незадоволство со минутажата која ја добива…