Дома Моторспорт Пјастри беше незапирлив, Мекларен доминантно до двојна победа во Шангај

Пјастри беше незапирлив, Мекларен доминантно до двојна победа во Шангај

Оскар Пјастри постигна сигурна и убедлива победа на Големата награда на Кина, водејќи од старт до цел. Мекларен имаше совршен ден, затоа што Ландо Норис заврши втор, додека Џорџ Расел го комплетираше подиумот.

Трката започна прилично возбудливо – Расел и Норис имаа фантастични стартови, го нападнаа Пјастри, но Австралиецот се бранеше уште подобро.

Зад нив двојката од Ферари го престигна Ферстапен, со благ контакт меѓу Леклер и Хамилтон, кој резултираше со мали оштетувања на болидот на Шарл Леклер.

И покрај тоа, Леклер продолжи во добар ритам, но не можеше да ги престигне водечките, бидејќи беше заглавен зад Хамилтон.

Веќе во шестиот круг Фернандо Алонсо се повлече од трката поради проблеми со кочниците, додека водечките возеа тактичка трка со минимални разлики.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Скандал во Формула 1: Тимот на Вилијамс излезе со ретро дизајн на возило на 11-ти септември со контроверзна поврзаност со семејството Бин Ладен

Овој викенд во Мадрид се одржува Големата награда на Шпанија, а вчерашните тренинзи на еки…