Дома Фудбал Официјално: Репрезентативец на Црна Гора обвинет за расизам

Официјално: Репрезентативец на Црна Гора обвинет за расизам

Фудбалерот на Престон и репрезентативец на Црна Гора, Милутин Осмајиќ, е официјално обвинет за расизам по завршената истрага од страна на Фудбалската асоцијација на Англија, откако беше пријавен од играчот на средината на полето на Барнли, пренесува РТЦГ.

ФА донесе одлука откако го истражи инцидентот, кој се случи за време на натпревар од минатиот месец, кој заврши без голови. Осмајиќ сега е официјално обвинет и има рок до 25 март да одговори на обвиненијата. Сепак, не е наведено каква казна ќе биде изречена ако ги признае обвиненијата.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Се наведува дека напаѓачот постапувал несоодветно и користел навредливи и смешни зборови кон противничкиот играч, спротивно на правилото ФА Е3.1“, стои во соопштението на ФА. Исто така, се наведува дека станува збор за “отежнувачка околност”, бидејќи вклучува “спомнување на боја на кожа или раса”.

Натпреварот од Чемпионшипот беше прекинат неколку минути во второто полувреме кога Ханибал Меџбри бурно реагираше на нешто што му кажа Осмајиќ. Двата тима повторно се сретнаа 15 дена подоцна во петтата рунда од ФА Купот, кога Престон победи со 3:0. Играчите на Барнли тогаш одбија да се ракуваат со Осмајиќ пред натпреварот, додека тренерот Скот Паркер реши да го изостави Ханибал од тимот. Осмајиќ беше стрелец на тој натпревар, а голот го прослави пред навивачите на домашниот тим.

По првиот натпревар, Ханибал, инаку поранешен играч на Манчестер Јунајтед, напиша на својот профил на Инстаграм.

“Нема да молчам за тоа што се случи, секогаш ќе укажувам на расизмот кога и да го слушнам или видам. Тоа е единствениот начин да се промениме како спорт и општество. Силен сум човек, но никој не треба да искуси ваква одвратна навреда на теренот”.

Осмајиќ по инцидентот соопшти дека силно ги отфрла обвиненијата.

“Самото тоа не ми остави ништо друго освен да заклучам дека Ханибал намерно и свесно го предизвика овој инцидент, што се гледа и на снимката, каде што ме турна одзади, додека бев без топка. Видно и нељубезно ми се смееше во лицето и притоа ја предизвика мојата реакција, кога му реков нешто што нема врска со расизам, а што како човек кој зборувал невистина во тој момент и заслужил. Сега се гледа дека без конечен заклучок ги користи медиумите и социјалните мрежи да ме оцрни, а што не успеал на терен како вистински професионалец да оствари резултатски. Да ме обвинил за удирање, па ајде, но за расизам врска нема”, порача тогаш Осмајиќ.

Селекторот на Црна Гора, Роберт Просинечки, вчера изјави дека Осмајиќ сепак нема да игра за репрезентацијата против Гибралтар и Фарските Острови на почетокот од квалификациите за Светското првенство, иако беше на првичниот список.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико подготвува понуда за Нуњес

Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид планира да достави понуда за напаѓачот од Ливерпул, Дарвин …