Фудбалерите на Фулам се квалификуваа во четвртфиналето на ФА Купот откако со подобро изведување пенали на Олд Трафорд го совладаа бранителот на титулата Манчестер Јунајтед со 4:3. Натпреварот заврши 1:1. Гостите поведоа во судиското продолжение од првото полувреме со голот на Калвин Беси, а израмни Бруно Фернандес во 71. минута.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
При изведувањето на пеналите, херој стана гостинскиот голман Бернд Лено кој ги одбрани ударите на Виктор Линделоф и Џошуa Зиркзе. Првите три серии поминаа без промашување. За Јунајтед постигнаа Бруно Фернандес, Диого Далот и Каземиро, а на спротивната страна Раул Хименес, Сандер Берге и Вилијан. Во четвртата серија Лено го одбрани ударот на Линделоф, потоа Антони Робинсон постигна 4:3, а приказната ја заврши германскиот голман кој одбрани удар на Зиркзе.
Ждрепка за четвртфиналето:
Веднаш по натпреварот меѓу Јунајтед и Фулам беше извршено и жребувањето за четвртфиналните двојки, кои се следни:
Фулам – Кристал Палас
Престон – Астон Вила
Борнмут – Манчестер Сити
Брајтон – Нотингем Форест / Ипсвич