Поради големите проблеми со повредените играчи, Реал Мадрид има потреба од засилување на одбраната.
Медиумите во Шпанија објавуваат дека Вилијам Салиба, стоперот од Арсенал, е цел на Реал Мадрид како клучен трансфер за следното лето.
Веќе две години Салиба се издвојува во Премиер лигата како еден од врвните дефанзивци, носејќи го дресот на Арсенал.
Иако Французинот неодамна го обнови договорот до 2027 година, Флорентино Перез е подготвен да инвестира за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.