
Англискиот фудбалски клуб Ливерпул објави загуба од 57 милиони фунти.
Односно 71,8 милиони долари, пред оданочување, заклучно со 31 мај 2024 година. Сепак, вкупните приходи на премиерлигашкиот клуб се зголемија за 20 милиони фунти, на 614 милиони во сезоната 2023/2024, а комерцијалните приходи се зголемија за 36 милиони, на 308 милиони фунти, пренесе Би-Би-Си (BBC).
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Клубот ја истакна важноста од квалификациите за најелитното европско натпреварување Лигата на шампионите и укажа на значајно намалување на медиумските приходи поради отсутноста од тоа натпреварување минатата сезона, за 38 милиони фунти, на 204 милиони.
Ливерпул соопшти дека административните трошоци значително се зголемиле, а платите се еден од факторите. Тие трошоци се зголемиле за 38 милиони фунти, на 600 милиони.
Периодот 2023/2024 ја покриваше последната сезона на Јирген Клоп како тренер, во која „црвените“ го освоија Лига купот, го зазедоа третото место во Премиер лигата и стигнаа до четвртфиналето на Лига Европа и ФА купот.
Ливерпул додаде четворица фудбалери и потроши 165 милиони фунти за доведување на Алексис Мекалистер, Доминик Собослај, Ватару Ендо и Рајан Гравенберх.