Дома Фудбал Останато ФОТО: Нејмар им го исполни сонот на навивачите на ПСЖ

ФОТО: Нејмар им го исполни сонот на навивачите на ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ синоќа на домашен терен ја совладаа Ница со 3:0 во рамките на дербито од 11. коло на Лига 1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ПСЖ во синоќешниот натпревар покажа дека оваа сезона ќе биде тешко да се запрат кон новата титула шампион на Франција. Парижаните играа без првата ѕвезда, Нејмар кој се „одмараше“ поради црвениот картон кој го доби на натпреварот против Марсеј.

Сепак, тоа не го спречи домашниот тим да запише нови три бода, а брилијантен беше Едисон Кавани кој два пати ја затресе мрежата на противничката екипа. Иако Нејмар не играше синоќа, тој го исполни сонот на тројца верни навивачи на домашната екипа.

„Овој натпревар беше и од хуманитарен натпревар за нас. Три сонови вечерва се исполнети на ‘Паркот на Принцовите’“, објави фондацијата на ПСЖ на Твитер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе сѐ уште е далеку пред Јамал, смета легендата Џорџ Веа

Освојувачот на „Златната топка“ за 1995 година, Џорџ Веа, е на мислење дека ѕвездата на фр…