
Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентативец Чарлс де Кетеларе, пренесуваат италијанските медиуми.
По заминувањето во Аталанта од Милан, Де Кетеларе игра фантастично оваа сезона.
На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Тој ги импресионираше англиските клубови со својот потенцијал, кој потврдува дека навистина е голем талент.
Аталанта реши да ја искористи можноста за откуп за 24 милиони евра, но се размислува за негова продажба во Премиер лигата летово, за потенцијално двојно повисока сума.
Покрај клубовите од Манчестер интерес за Белгиецот покажува и Тотенхем, па се очекува голема борба за неговиот потпис.